ВИДЕО: Лаутаро е херојот, Аргентина слави во грубото и здодевно финале со Колумбија

По шеснаесетти пат во историјата Аргентина е освојувач на Копа Америка. Со овој трофеј „гаучоисите“ се најтрофејни на континентот и имаат една титула повеќе од Уругвај. Во грубо и фудбалски негледливо финале во Мајами, Аргентина ја совлада Колумбија со 1-0, по продолженија. Натпреварот го одбележа победоносниот гол на Лаутаро Мартинез и солзите на Лионел Меси, кој повреден побара замена во вториот дел и прсна во ллач на клупата.

  • Извештај од натпреварот:

Дуелот доцнеше повеќе од еден час заради големи пропусти во организацијата, навивачки инциденти и драматични сцени. А и на теренот беше драматично. Агресивната игра од двете страни, посебно од Колумбијците, ја премина границата. Иако токму тие преку Кордоба ја имаа првата шанса во финалето, сепак бранителот на трофејот ја имаше топката повеќе во своите нозе и се закануваше со удари од далечина.

Моментот по кој ќе се памети ова здодевно финале се случи во 66. минута. Меси побара замена и драматично заплака на клупата, откако потече неговиот зглоб од ногата. Нико Гонзалез влезе во игра и Аргентина продолжи да притиска. Моментот на одлука сепак дојде во продолжувањага. Лаутаро Мартинез им побегна на дефанзивците и со шут меѓу рацете на колумбискиот голман Варгас ја погоди целта (1-0). Овој натпревар беше последен во кариерата во националниот дрес за Анхел ди Марија. 

Скромниот спектакл на теренот во Мајами го збогати Шакира со мини-концерт од дваесеттина минути на полувремето од натпреварот. 

Состави

Лионел Скалони

4-4-2

    Nestor Gabriel Lorenzo

    4-2-3-1