• Иван Димовски

Лидерот во австриското првенство, ЛАСК Линц тренираше за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот, иако беше забрането. Сега, клубот се соочува со тешка казна која ќе ги симне од врвот на Австрија.
Иако им се закануваа драконски казни како исфрлање од лигата или казна со одземање 12 бодови, сепак санкцијата е двојно пониска, односно од контото им се одземени шест бода.
Покрај тоа, клубот ќе мора да плати 75.000 евра што е помала главоболка од загубените поени. Пред плеј-офот, ЛАСК со одземените шест бода ќе падне на втората позиција со 24 бодови, зад Салцбург кој има 27.
По заминувањето на Халанд, Салцбург имаше мали проблеми, ама до крајот на сезоната со сигурност ќе се бори со сите сили за титулата, особено откако им е даден „ветер во грб“. Дополнителна предност за нив е домашниот дуел против ЛАСК, на кој со триумф можат да го решат прашањето околу титулата.
Средбите од австријската Бундеслига продолжуваат на трети јуни со првите мечеви од шампионскиот плеј-оф.