ВИДЕО: Ларсон го спаси Стам од негативно деби на клупата на Феенорд

Јап Стам со тешко извојувано реми против градскиот ривал Спарта ја почна својата авантура на клупата на Феенорд од Ротердам. Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лацио и Милан се врати во татковината по кратката авантура во Англија и дебитираше со реми пред своите гледачи на „Де Кујп“.

Со голот на Сам Ларсон во шестата минута од судиското надополнување, Феенорд се спаси пораз од помалиот клуб од Ротердам.

  • Извештај од натпреварот: 

Гостинска победа запиша Утрехт, кој славеше на теренот на Ден Хаг со 2-4 и Херенвен кој со четири гола лесно се справи со Хараклес (0-4).