Лапорта наброја петнаесет екипи кои веднаш би учествувале во Суперлигата

Барселона и Реал Мадрид не се откажуваат од идејата за Суперлигата и сѐ погласно зборуваат на оваа тема, а претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, за првпат објави и кои клубови би можеле да земат учество во новото елитно натпреварување. 

Доколку Суперлигата не започне следната сезона, мислам дека нејзиното прво издание дефинитивно ќе се случи најдоцна на почетокот од сезоната 2025/26. Секој клуб ќе добие по 100 милиони евра за учеството, а таа сума не се заработува ниту со освојување на Лигата на шампионите.

Мислам дека тука без проблем би учествувале скоро сите најголеми гиганти како Барселона, Реал Мадрид, Интер, Милан, Јувентус, Наполи, Рома, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, ПСЖ, Андерлехт, Клуб Бриж и уште три холандски клубови. Суперлигата би имале 16 или 18 екипи. Сите потоа ќе сакаат да се приклучат на нашиот проект, вклучително и тимовите од Премиер лигата.

Тие сега имаат своја Суперлига, затоа што англискиот фудбал е најполуларен во светот, но знам дека нема да сакаат да ни бидат конкуренција. Верувам дека и англичаните би се приклучиле во првите две сезони“, изјави Лапорта. 

Останува непознато дали англиските клубови би сакале веднаш да влезат во Суперлигата, затоа што уште минатата година категорично ја отфрлија оваа идеја, доколку таа не наиде на одобрение во јавноста. Реакцијата на УЕФА беше жестока, но меѓународните судови донесоа одлука во корист на клубовите, кои во иднина ќе можат да го создадат новиот елитен ранг во Европа.