Лапорта: Левандовски во Барселона? Големи се шансите...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека постојат големи шанси полскиот центарфор Роберт Левандовски од следната сезона да го носи дресот на каталонскиот клуб.

На средба со навивачите на клубот, Лапорта правеше фотографии и делеше автограми. Добиваше и прашања на кои даваше одговори. Едно од нив беше и за Роберт Левандовски. Дали тој има шанси да дојде во Барселона следната сезона?

„Големи се шансите!“, гласеше одговорот на Лапорта, а сето тоа е снимено на видео.

Полскиот центарфор наводно е незадоволен во Минхен поради последните резултати и елиминацијата од Лигата на шампионите, а договорот со „баварците“ му истекува следното лето.