Лапорт навреме добива шпанско државјанство и ќе може да игра на ЕП 2020

Лапорт

Луис Енрике ќе има уште една дефанзивна опција за Европското првенство. Се работи за фудбалерот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорт.

26-годишникот во младинските категории настапуваше за француската репрезентација. Но, сега побара шпанско државјанство, со кое ќе има можност да се најде на списокот на „црвената фурија“ за претстојниот континентален собир.

Лапорт е роден во Франција, но има шпанско корени. Пред да се пресели во Англија, шест години го носеше дресот на Атлетик Билбао. Фрустрациите од одлуките на Дидие Дешамп, кој пред него му дава шанса на Зума и Ленгле, се причините за оваа одлука на членот на „граѓаните“.

Серхио Рамос и Ерик Гарсија ќе бидат негова конкуренција за централната позиција во шпанската репрезентација.