• Зоран Мишевски
На лондонски Арсенал му се повторува ланскиот пример со Јуриан Тимбер. Без деби на официјален натпревар се повреди најголемото летно засилување. Дури и првите прогнози не се оптимистички.
Арсенал ќе остане без Шпанецот Микел Мерино околу два месеца. Шпанскиот интернационалец се повреди на првиот тренинг со „топчиите“. Последните лекарски прегледи потврдија дека Мерино нема да игра до средината на следниот месец.
Менаџерот, Микел Артета ќе има проблеми за составување на тимот за претстојното лондонско дерби со Тотенхем на 15 септември. Надвор од стројот е и Габриел Жесус.