ВИДЕО: Лани играше во петта лига, а сега стана најмлад стрелец во Суперкупот!

Брајан Маџо испиша историја во финалето на УЕФА Суперкупот, откако 17-годишниот напаѓач на Астон Вила постигна гол против ПСЖ и стана најмладиот стрелец во историјата на ова натпреварување.

Маџо се најде на вистинското место во завршницата од првото полувреме и го совлада голманот на ПСЖ за 1-1. 

Маџо својот деби-гол во Суперкупот го даде на 17 години и 212 дена, па откако стана најмлад дебитант го надмина и Патрик Клајверт. Холанѓанецот во 1996 година за Ајакс стрела против Милан на 19 години и 220 дена во финалето на Лигата на шампионите.

Младиот напаѓач, роден на 12 јануари 2009 година, летово пристигна во Астон Вила од Мец и уште во својот прв официјален настап за англискиот клуб доби шанса од првата минута. Интересно е дека минатата година тој играше во вториот тим на Мец во петтата француска лига, а сега стигна до погодок во УЕФА Суперкупот...