Лампард: Забраната за трансфери не ни штети, бевме подобар ривал од Ливерпул

Менаџерот на лондонски Челзи, Франк Лампард тешко се помирува со поразот на својата екипа во премиерлигашкото дерби против Ливерпул на „Стемфорд бриџ“.

Според младиот тренер неговиот тим не заслужи да биде поразен, бидејќи „сините“ играа подобро.

„Ние бевме подобриот тим на теренот. Реалноста е дека сега имаме повеќе млади играчи. Луѓето велат дека забраната за регистрација на нови играчи ни штети, но така е само на краток рок. Но, на долг рок со нашата младост тоа ќе биде од голема полза за клубот“, уверен е Лампард.

Челзи по шест натпревари во Премиер лигата има биланс од две победи, две нерешени средби и два пораза. На дебито во Лигата на шампионите загуби од Валенсија со 0-1, а во Суперкупот на Европа по изведувањето на пенали претрпе пораз од Ливерпул.