Лампард со Евертон го дочекува „својот“ Челзи

Натпреварот меѓу Евертон и Челзи е всушност средба на клубови со контрастни амбиции. Долгорочните намери на Челзи се што подолго да биде во игра за титулата, иако сега е пореално да се бори за место во најдобрите четири екипи во Англија, додека Евертон, откако потроши стотици милиони евра за практично ништо, сега е во ситуација да види како да опстане во премиерлигашкото општество и секоја позиција над зоната за испаѓање ќе биде добра за „карамелите“.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Евертон и Челзи

На „Стемфорд Бриџ“ сè уште се навикнуваат на новите околности, сопственикот, управата... Томас Тухел доби големи ветувања од американскиот бизнисмен Тод Боли, од кои малку се реализираа, а сега клубот е во ситуација да мора панично да купува засилувања, за да не дојде во ситуација  уште на стартот да заостанува многу зад Манчестер Сити и Ливерпул кои веќе се видени во уште една тесна битка за титулата. Најголемиот проблем на Челзи е што сè повеќе играчи сакаат да си заминат, а малкумина би дошле во Западен Лондон без да бидат преплатени. Секако, од Рахим Стерлинг ќе се очекува да донесе стабилност во нападот и голови кои недостигаа во клучните моменти од сезоната.

Евертон поради финансиски проблеми мораше да го продаде Ричарлисон и досега не успеа да најде адекватна замена, иако загуби многу. Бразилецот беше најдобар стрелец и асистент, а го предводеше тимот по бројот на удари кон голот и создадените шанси. Сите очи се насочени кон Доминик Калверт Луин, додека очекувањата се исто така големи за Демараи Греј. Ќе биде интересно да се види колку ќе можат да донесат Саломон Рондон, Ентони Гордон, Деле Али и новајлијата Двајт Мекнил, кој беше платен 25.000.000 евра.

Квоти за останатите натпревари во Премиер лигата

Без разлика на сè, Челзи е фаворит на хартија и ако одбраната успее да остане обединета, победата на „Гудисон“ не е нереална опција. Последните четири средби меѓу овие екипи завршија со максимални два гола, а се очекува и овојпат резултатот да биде во слични граници.