Лампард почнува тренерска кариера, Ипсвич прва станица?

Поранешниот репрезентативец на Англија, Френк Лампард ја чека вистинската можност да започне менаџерска кариера. Поранешниот капитен на Челзи медиумите на островот го поврзуваат со Ипсвич Таун, кој настапува во Чемпионшип.

„Поминав доста време во Челзи оваа година и собрав доста искуство. При вистинската можност, во вистинско време, многу веројатно е да го прифатам предизвик“, изјави Лампард за англиските медиуми.

Лампард одигра 106 натпревари за англиската репрезентација во периодот меѓу 1999 и 2014 година, освои три титули со Челзи во Премиер лигата, четири пати го подигна пехарот од ФА купот, а еднаш се радуваше и на големиот пехар од Лига на шампионите.

Лампард оваа сезона работи како стручен консултант на една приватна англиска телевизија.