Лампард платил 209 пива, 75 јегери, 65 водки и 38 текили на прославата на Дерби

Лампард насловна

Фудбалерите на Дерби Каунти го елиминираа Лидс Јунајтед и обезбедија бараж финале за пласман во Премиер лигата.

Предводникот на екипата Франк Лампард го однесе своите избраници на луда прослава во еден локален паб. Таму „го одврза“ новчаникот и ги награди играчите за одличната игра. На крај плати висока сметка од 3.200 евра, нешто што веднаш стана интересно на социјалните мрежи.

Фотографија со сметката веднаш се рашири меѓу фановите, иако не може со сигурност да се тврди дека таа е направена од фудбалерите на Дерби.

На истата може да се забележи дека биле испиени 209 пива, 75 јегери, 38 текили... и една Кока Кола. 

Последна пречка за пласман во Премиер лигата за Лампард и Дерби ќе биде Астон Вила против која ќе ги одмерат силите на 27 мај.