Лампард планира целосен ремонт, еве кои СЕДУМ ФУДБАЛЕРИ се на излезна врата

Лампард

Челзи е една од најактивните екипи на трансфер пазарот ова лето. Лондонскиот клуб се засили со Хаким Зијеч и Тимо Вернер, но не сака да застане тука.

Тренерот Френк Лампард зад себе остави солидна сезона, а сака да се подобри во сезоната која што доаѓа. Поради тоа негова намера е целосно да го промени ликот на екипата која ќе има исклучително високи амбиции во блиска иднина.

На излезна врата од „Стемфорд Бриџ“ се седум имиња за кои „сините“ во наредниот месец ќе бараат купувач. Се работи за Канте, Зума, Кристенсен, Алонсо, Емерсон, Жоржињо и Баркли.

На нивните места шанса ќе добијат млади таленти или некои од планираните засилувања во тековниот трансфер период. Се очекува во тимот да пристигне и одличниот Каи Хаверц, а Роман Абрамович е подготвен да потроши уште многу милиони за да ги исполни желбите на Лампард.

Од Челзи многу веројатно ќе си замине и Вилиан, а се споменува и разделба со голманот Кепа, кој требаше да биде долгогодишно решение на премиерлигашот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.