Лампард објасни зошто го пријавил Чех: Криза е, мораме да бидеме спремни на сè!

Откако се констатира дека одлуката на Френк Лампард да го пријави Петр Чех во својот ростер за настапите во Премиер лигата, е вистинита, бројни британски медиуми го „бомбардираа“ англискиот стратег на оваа тема, на вчерашната прес-конференција по натпреварот против Севиља во Лигата на шампионите. 

Младиот менаџер на „сините“ ја потврди таа информација и веднаш им даде одговор за својата одлука. Тој вели дека пандемијата може да донесе непредвидливи промени, па затоа се реши да го направи овој чекор.

„Чех е во пензија, но тој напорно тренира секој ден. Сите знаеме што може да донесе пандемијата, па затоа сакаме да бидеме спремни на секое сценарио. Тоа не значи дека Чех ќе игра, но мораме да имаме одговор на секој предизвик кој го носи оваа пандемија. Тој не е под договор со клубот, но тој како и секогаш е подготвен да го даде максимумот за клубот“, рече Лампард. 

Младиот стручњак на располагање ги има тројцата голмани Кепа Аризабалага, Едуард Менди и Вили Кабаљеро, па не се очекува Чех да добие шанса меѓу стативите, туку тоа е само претпазливост, како што изјави англискиот стратег.