Лампард: На засилувањата им треба време, мора да бидеме претпазливи со Севиља

Челзи запиша нов неуспех овој викенд во Премиер лигата и одигра само реми со Саутемптон (3-3), иако долго водеше и беше пред триумф. Сепак и противникот во Лигата на шампионите, Севиља, загуби во Шпанија (од Гранада 1-0). 

Момците на Франк Лампард ќе имаат тешка задача на домашен терен да освојат први бодови во елитното натпреварување, против освојувачот на Лигата на Европа од август. Предводникот на англискиот тим побара трпение со новите играчи и повика на концентрација пред Севиља. 

„Лигата на шампионите е одлична платформа за учење и искуство, а ние игравме со Баерн Минхен минатата сезона. Тој двомеч беше вистински пример за нашите млади играчи и минувањето на групата беше успех. 

Секогаш сакаме да се подобриме, ништо не ти е доделено ниту во ПЛ, ниту во ЛШ, сè се гради на теренот. Концентрација, фокус и дисциплина се најважни во меч со тим како Севиља. Мора да работиме и да напредуваме со новите играчи, но потребно е време“, изјави Лампард.

Пресметката пред празните трибини на „Стемфорд Бриџ“ меѓу Челзи и Севиља, ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.