Лампард му ѕвони секој ден на Мертенс и го притиска да дојде во Лондон

Белгискиот фудбалер Дриес Мертенс е на излезни врати од Наполи, а како негова наредна дестинација се споменува англиската Премиер лига.

Човекот кој има над 300 натпревари за наполитанците нема да му биде на располагање на Џенаро Гатузо во новата сезона, а најзагреана екипа за неговите услуги е Челзи од каде Френк Лампард покажува голем интерес.

„Мертенс сакаше да остане во Наполи, ама агентот почна да го нуди по други клубови. Челзи е најзаинтересиран за неговите услуги, Лампард го бара секојдневно и го убедува да дојде во Лондон“, изјави Винченцо Морабито, посредник на фудбалски трансфери.

Офанзивецот кој има 32 години во редовите на Наполи пристигна од ПСВ во 2013 година, а претходно настапуваше за Утрехт, АГОВВ, Алст и Гент. Мертенс е редовен и во репрезентацијата на Белгија за која има 90 настапи и 18 гола.