Лампард може да здивне, тимот добива екстра засилување за викендот

Челзи и Ајакс го одиграа најинтересниот натпревар од Лигата на шампионите овој вторник. На мечот беа постигнати осум гола, по четири во секоја мрежа.

Од конечниот резултат не беа задоволни гостите од Амстердам, кои прокоцкаа позитива од 1-4. Херојскиот кам-бек на „сините“ на Френк Лампард е потврда за одличната форма во која што играат во тековната сезона.

Дополнително засилување, тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе добие за време на викендот. Во конкуренција за настап се враќа еден од најдобрите фудбалери на екипата, НГоло Канте.

Французинот беше во протоколот за настап против „копјаниците“, но не влезе во игра. Минутажа се очекува да добие на дуелот против Кристал Палас во Премиер лигата.

Неуморниот играч за врска поради повреда веќе пропушти 11 натпревари на Челзи оваа сезона.