Лампард: Јунајтед? Како тој натпревар да го игравме пред сто години

Френк Лампард, менаџерот на Челзи, истакна дека неговиот тим напредуваше многу по последната средба со Манчестер Јунајтед. 

„Сините“ утре ќе го пречекаат големиот ривал во рамките од Карабао Купот на Англија и овој дуел ќе биде прва шанса за Лампард и неговите пулени за реванш за болниот пораз од 4-0 на стартот на Премиер лигата. 

„Како тој натпревар да го игравме пред 100 години. Не се заборава тој дуел. Ни дадоа четири гола, но ние многу напредувавме во овој период. Тоа е најважно за нас во овој момент. Сакаме трофеј и затоа овој дуел ќе биде од голема важност за нас“, рече младиот стратег. 

Осминафиналниот меч на „Стемфорд Бриџ“ меѓу англиските гиганти се игра утре со почеток од 21:05 часот.