Лампард ја проколнува репрезентативната пауза, Челзи без четири првотимци

Лампард

Тренерот на Челзи, Франк Лампард, со големо незадоволство ќе се врати на клупските обврски во Премиер лигата.

Причината се повредите на дури четири првотимци за време на репрезентативната пауза.

Кристенсен се повреди играјќи за Данска, Канте почувствува болки на загревањето за Франција, Ковачиќ го напушти теренот против Велс, а младиот Џејмс го повреди зглобот при настап за младинската репрезентација на Англија.

Покрај овие четири имиња, следниот период ќе го пропуштат уште и Хадсон Одои и Рудигер.

Пред Лампард стои вистинска дилема за екипата со која што ќе излезе да се надигрува со Њукасл на „Стемфорд Бриџ“ за време на викендот.