Лампард и Дерби стојат на патот на Лидс и Алиоски до Премиер лигата

Со одигрувањето на последното коло од регуларниот дел на сезоната во Чемпионшип, извесно е кои четири екипи ќе играат во плеј-офот за едно слободно место кое што води во Премиер лигата. Поранешните премиерлигаши Лидс Јунајтед, Вест Бромвич Албион, Астон вила и Дерби Каунти се пред најважните и натпреварите со најголем финансиски влог во сезоната. 

Френк Лампард и „овните“ од Дерби попладнево со 3-1 ја совладаа екипата на ВБА и го добија директниот дуел со Мидлзброу за место во плеј-офот. Следен ривал на Дерби ќе биде Лидс Јунајтед на повредениот Алиоски и тренерот Биелса, а во вториот плеј-оф дуел ќе се сретнат Астон Вила и Вест Бромвич Албион. 

  • Извештај од натпреварот: 

Полуфиналните мечеви на „Вембли“ се играат на 11 и на 14 мај. 

Норвич и Шефилд јунајтед веќе обезбедија директен пласман во Премиер лигата.