ВИДЕО: Лампард и Дерби елиминирани на „Стемфорд Бриџ“, рутински победи за Арсенал и Тотенхем

EFL Kup

Во голедата на „Стемфорд Бриџ“ во осминафиналето од Карабао Купот, Челзи извојува победа над Дерби Каунти (3-2), кој е предводен од легендата на „сините“, Френк Лампард. 

Сите голови беа постигнати во првиот дел, а ниту двата автогола на домашната одбрана не му помогнаа на второлигашот да стигне до уште едно изненадување по она со Манчестер Јунајтед. По половина час игра беше 2-2, а потоа на сцена стапи Сеск Фабрегас, кој со одмерен удар од 11 метри донесе победа за фаворитот.

Место во четвртфиналето обезбеди и Арсенал кој го совлада Блекпул (2-1) со головите на Лихштајнер и Смит-Роу.

Во лондонското дерби, Вест Хем немаше сили да му се спротистави на Тотенхем (1-3), кој на крилата на Сон и Љоренте запиша убедлива победа.