ВИДЕО: Лампард и Дерби елиминирани, Брајтон е вториот четвртфиналист во ФА Купот

Брајтон

Вториот натпревар од осминафиналето во ФА Купот донесе домашна радост за Брајтон во дуелот со Дерби Каунти (2-1).

Премиерлигашот ја доби битката и го искористи домашниот терен за да стане вториот четвртфиналист во натпреварувањето. Доминацијата на Брајтон беше крунисана дури по половина час игра преку Ентони Нокерт. 

Триумфот на домаќинот беше потврден со погодок длабоко во надополнувањето на првиот дел. Стрелец на вториот гол за тимот на Крис Хјутон беше поранешнио ас на ПСВ Ајндховен, Јирген Локадија.

Дерби тргна во целосна офанзива и успеа да ја намали предноста на десет минути до крајот. Но реализацијата на ветеранот Ешли Кол не беше доволна за поволен резултат, па домашните фудбалери се израдуваа на пласманот во следната фаза.

Овој викенд се играат останатите осминафинални дуели меѓу кои најинтересен ќе биде мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.