Лампард и Челзи мораат да најдат начин како против незгодниот Шефилд

Челзи не одигра перфектно на последниот натпревар против Вотфорд, но со триумфот од 3:2 го презеде третото место на табелата во Премиер лигата. Меѓутоа, ако сака во Лигата на шампионите, ќе мора да си ја заврши работата во наредните денови, а една од првите пречки е незгодниот Шефилд Јунајтед. Наредните седум дена за „сините“ на Лампард ќе бидат од големо значење.

Прво следи натпревар со Шефилд Јунајтед на „Брамал Лејн“, а потоа зицер-победа против веќе прежалениот Норич. Тоа се два натпревари на кои Челзи ќе мора да оди на триумф ако сака да ја избегне опцијата да се бори за ЛШ и да бара бодови на дуели со Ливерпул и Вулверхемптон во последните две кола. А, пред дербито со Ливерпул, чека и дуел со Манчестер Јунајтед во рамки на полуфиналето од ФА Купот.

Победата над Шефилд е императив за Челзи, а според актуелната ситуација, Лампард ќе мора да состави тим без главниот играч Н'голо Канте кој ќе биде поштеден ако Матео Ковачиќ застане во стројот и е во комбинација за настап.

Погледнете ги сите коефициенти за Премиер лигата >>

Нема да биде лесно, затоа што Шефилд, иако не игра најдобро по паузата, сепак важи за незгоден ривал. Челзи тоа на своја кожа го почувствува во месец август, на стартот на сезоната, кога во Лондон испушти два гола предност и одигра реми со овој ривал (2-2).
Првиот меѓусебен натпревар најавува дека може да очекуваме ефикасен дуел, иако Шефилд Јунајтед не прима многу голови. Но, тоа се промени во последно време. На спротивната страна, на последните осум првенствени натпревари на Челзи паднале по најмалку три погодоци.

Во тимот на Крис Вајлдер има само една дилема, тоа е дали Џек О’Конел ќе биде подготвен да биде стартер или како централен дефанзивец ќе мора од првата минута да тргне Џек Робинсон. Џон Лундстрам, Џон Флек и Лук Фримен се повредени.