Лампард го менува ликот, Челзи со Канте и Жиру на мегдан на „црвените“

По многубројните критики на адреса на Френк Лампард, Челзи подготвува нов лик за Суперкупот на Европа против Ливерпул утревечер во Истанбул. Младиот англиски стручњак ќе ги сврсти во стартниот тим Канте, Пулишиќ и Жиру кои не играа од првата минута на „Олд Трафорд“, а неизвесен е настапот на Вилиан.

Маркос Алонсо е во втор план, бидејќи Лампард му верува на Емерсон Палмиери, а Зума и покрај критиките по натпреварот со Манчестер Јунајтед, ќе почне од првата минута, бидејќи Рудигер е повреден. „Сините“ ќе тренираат попладнево од 17:00 часот по средноевропски време на „Водафон Арена“. 

Челзи е екипа која знаела во минатото да игра ваков тип на натпревари, иако последните два Суперкупа против Баерн и Атлетико Мадрид ги загуби. 

Стефани Фрапарт ќе го води финалето и ќе биде прва жена која ќе суди на натпревар за европска титула.