• Зоран Мишевски
Френк Лампард и официјално потпиша нов тригодишен договор со новиот премиермигаш Ковентри Сити. Овој договор е со важност до 2029 година, потврдија од клубот од Ковентри. Ова продолжување на соработката доаѓа како директна награда за огромниот успех кој 48-годишниот англиски стратег го постигна со тимот.
Лампард го презеде Ковентри во ноември 2024 година и во сезоната што измина успеа да го одведе тимот до титулата во Чемпионшип, со што обезбеди директна промоција во елитата. Благодарение на овој успех, Ковентри Сити ќе игра во Премиер лигата за првпат по пауза од точно четврт век.
Новата премиерлигашка сезона за Ковентри започнува со исклучително тешко гостување против Арсенал на 21 август.

