Лампард: Бевме навистина добри против тим кој се градеше со години

Малку кој очекуваше дека Челзи може целосно да парира и во многу сегменти да го надигра Ливерпул во Суперкупот на Европа. Сепак, среќата ги следеше европските шампиони и од Турција се враќаат побогати за уште една титула.

Френк Лампард на прес-конференцијата истакна дека нема ниту една замерка за своите фудбалери. 

„Одигравме навистина одлично против тим кој се градеше со години. Денес видов тоа што сакам да го гледам во моите екипи - работна етика и желба. Начинот на кој што ја движевме топката и пробивавме зад грб на противникот посебно ми се допадна. Бевме несреќни на крајот, но такви се пеналите.

Канте е вистинска машина. Тренираше само неколку дена и тоа со повреден зглоб, но одигра беспрекорна партија. Тој е нашиот клучен човек. Ми се допадна цел тим, Маунт и Баркли исто така дадоа свој удел во одиграното. Со ваков среден ред можеме да играме против секој ривал“, заклучи на прес-конференцијата Лампард.

Младиот стручњак не ја започна најдобро кариерата на клупата на Челзи, но вечерашната партија може да биде пресвртница во сезоната на „сините“.