Лампард: Арсенал има талент и добар менаџер, патот до трофејот не е лесен

Челзи ја исполни главната цел на сезоната во која очекувањата беа ниски и со четвртата позиција во Премиер лигата, се пласира во Лигата на шампионите. Веќе се договорени доаѓањата на Тимо Вернер и Хаким Зијеч, а пред вратите на „Стемфорд Бриџ“ е и Каи Хаверц. 

Трофеј во ФА Купот, за момците предводени од Франк Лампард ќе биде „шлаг на тортата“ и одличен финиш на сезоната. Менаџерот на „сините“ призна дека амбициите се да се освои трофејот во ова натпреварување, но призна дека ќе биде тешко.

„Ќе бидеме одушевени ако го освоиме трофејот. Кога ќе дојдеш до финале, сакаш да победиш. Би сакал да стигнам до титула во моите први години на клупата од Челзи. Сепак, ќе биде тежок натпревар“, започна Лампард. 

Стручњакот се осврна и на полуфиналето, каде Арсенал го елиминираше Манчестер Сити, кој според многумина беше голем фаворит во натпреварувањето. 

„Не се изненадив што Арсенал го мина полуфиналето. Сити беше фаворит, но знаев дека Арсенал има талент и голем менаџер. Артета направи многу позитивни работи за кратко време. Знам како е да се игра финале, мора да постои притисок, мора да бидеме на работ, не може да се мине лесно до трофејот. Загрижен сум дека како клуб мислиме дека постигнавме нешто со тоа што завршивме во топ четири, но сакаме да го победиме и Арсенал“, изјави Франк. 

Инаку, Арсенал е најуспешен тим во ова натпреварување, каде има дури 13 титули. Од друга страна, Челзи има осум, но тоа не е мерило и не треба ништо да значи.