Ламин Јамал урна голем рекорд кој го држеше „кралот“ Раул

Барселона славеше убедлива победа против Еспањол во градското дерби, со што дополнително се одвои на врвот во Ла Лига и сега има девет бода предност пред Реал Мадрид.

Главна фигура на натпреварот беше младиот Ламин Јамал, кој блескаше со две асистенции за Феран Торес, а во завршницата успеа и самиот да се запише меѓу стрелците.

Со настапот на овој натпревар, Јамал испиша историја, станувајќи најмладиот играч со 100 одиграни натпревари во Ла Лига. До овој подвиг стигна на возраст од 18 години и 272 дена.

На листата Јамал го надмина претходниот рекорд кој го држеше легендарниот Раул Гонзалес, кој во Реал Мадрид до 100 настапи стигна со 19 години и 284 дена.