Ламин Јамал стана втор најмлад дебитант во историјата на ЛШ

Фудбалерите на Барселона со убедлив триумф над Антверпен (5-0) ја отворија новата сезона на Лигата на шампионите. 

Сепак, овој натпревар го одбележа младата ѕвезда на каталонскиот тим, Ламин Јамал. Крилниот фудбалер стана вториот најмлад дебитант во Лигата на шампионите. Јамал заигра за Барса во елитното друштво на 16 години и 68 дена. 

Помлад од него при своето деби во Лигата на шампионите бил Јусуфа Мукоко (16 години, 18 дена). По Јамал на третото место е Селестин Бабајаро од Андерлехт (16 години, 86 дена), па следат Рајан Черки со Лион (16 години, 102 дена) и Ален Халиловиќ со Динамо Загреб (16 години, 128 дена).