Ламин Јамал со двата гола против Рајо влезе во историјата!

Ламин Јамал продолжува да руши рекорди. Младиот ас постигна два гола во убедливата победа на Барселона над Рајо Ваљекано со 5-2 и со тоа стигна до 51 погодок за каталонскиот клуб.

Јамал прво погоди во 21. минута за 2-1 со одличен удар во горниот агол, со што го постигна својот 50-ти гол за првиот тим на Барселона. Во самиот финиш повторно се запиша во листата на стрелците и ја заокружи вечерта со 51-от погодок.

Со само 19 години и 49 дена, Јамал стана најмладиот фудбалер во историјата на петте најсилни европски лиги кој стигнал до 50 клупски голови. На листата зад него останаа Килијан Мбапе, кој до оваа бројка стигнал на 19 години и 241 ден, и Ерлинг Халанд, кому тоа му успеало на 20 години и 196 дена.

Барселона со три победи од исто толку натпревари ја започна сезоната во Ла Лига, а Јамал веќе покажа дека и оваа сезона ќе биде една од главните фигури во тимот.