„Лалињата“ налетаа на Англија во полуфиналето од ЛН, Португалците домаќини на Швајцарија

ЛН

Денешната ждрепка одреди Англија и Холандија да го играат дербито во полуфиналето од Лигата на нации.

Тимот на Герет Саутгејт стигна до најдобрите четири репрезентации со пресврт победата на Хрватска, со која го освои првото место во својата група. Тоа им донесе директен судир со „лалињата“ на Роналд Куман, полуфинале кое ќе се одигра во Гимараеш на 6 јуни.

Дуелот ќе биде прво меѓусебно соочување од Европското првенство во далечната 1996 година, а тогаш Саутгејт беше дел од англиската репрезентација, која победи со високи 4-1.

Во другото полуфинале, кое ќе се осигра во Порто, ќе се соочат Португалија и Швајцарија, кои последен пат играа меѓусебно во квалификациите за Мундијалот во Русија.

Големото финале, како и борбата за третото место, се закажани на 9 јуни.