ВИДЕО: „Лалињата“ 18-ти меч без пораз, Катар најлош домаќин на СП!

Холандија на Луј ван Гал ја заврши групната фаза на Светското првенство (СП) без пораз. Во последната рунда „лалињата“ славеа над домаќинот Катар (2-0) и го чекаат ривалот во осминафиналната фаза, тоа е второпласираниот од групата Б.

  • Извештај од натпреварот:

Фаворитот на хартија си ја оправда улогата, а дека работите ќе бидат такви на теренот беше јасно уште по првото полувреме кога Холандија покажа тотален фудбал и испрати осум шута кон голот на Катарците, наспроти ниеден во рамки на голот на противникот.

Натпреварот го одбележа Коди Гакпо, кој даде гол на трет натпревар по ред и стана првиот Холанѓанец на кого му успеало тоа на Мундијалите. Младиот талент погоди во 26. минута по асистенција на Класен. На стартот на второто полувреме Френки де Јонг зголеми на 2-0. Имаше и трет гол во 68. минута кој го даде Бергујс, но беше поништен поради офсајд, а исто така истиот играч погоди и пречка во судиското надополнување.

Катар со овој резултат официјално стана најлошиот домаќин во историјата на Светските првенства. Африканската селекција е втората која ги угостила најдобрите светски селекции, а не ја минала групата, по Јужна Африка во 2010 година. Но, Катарците се први кои ги завршиле настапите во групите без ниту еден освоен бод.

За Холанѓаните ова беше осумнаесетти меч без пораз во сите конкуренции. Селекторот Луј ван Гал има одлична работа со новата селекција која се врати на големата светска сцена и сонува да изненади затоа што не ја сметаат меѓу фаворитите за тронот.

Состави

Роналд Куман

3-4-1-2

    Карлос Кеирош

    5-3-2