Лалатовиќ повторно во елемент: Јас мојот брат би го давел 90 минути...

Ненад Лалатовиќ

Четвртфиналето во Купот на Србија донесе голема победа за Раднички Ниш во дуелот со Војводина. 

Харизматичниот и темпераментен предводник на победничкиот тим Ненад Лалатовиќ во свој стил го прокоментира пласманот во полуфиналето.

„Сметам дека денес заслужено победивме и се пласиравме во полуфиналето од Купот. Не сум целосно задоволен, бидејќи за мене не е дозволиво мојот тим да прими гол во 93. минута. Јас и кога водам со 5-0 не сакам да примам погодок во последната секунда и тоа моите фудбалери мора да го сфатат. Не смеат да се опуштаат. Јас сакам тие да личат на мене и така да изгледаат на теренот. Јас и да играм против мојот брат ќе го давам 90 минути и така сакам да се однесуваат и моите фудбалери“ , рече 41-годишниот стратег.

Во полуфиналето има место уште за Партизан, Црвена Звезда и Младост Лучани.