• Иван Димовски
Трагедија го одбележа натпреварот меѓу Младост и Раднички во Лучани. На овој суперлигашки натпревар во Србија тренерот Младен Жижовиќ падна, а потоа почина во болницата.
Еден од оние кои беа најблизу до местото на настанот беше противничкиот тренер Ненад Лалатовиќ. Тој откри колку беа траорни сцените во Лучани, но и нагласи дека фудбалот не е поважен од човечките животи.
„Само слушнав како нешто падна, притрчав и тој се бореше за живот. Чув дека имал проблеми со срцето од претходно и веднаш знаев... Голем шок, трагедија за семејството, сочувство до нив. Одвратна ситуација.
Кога го одведоа само прашав дали е добро. Не те интересира фудбал, дали натпреварот ќе се игра денес, утре, за два месеци бидејќи го загубивме човекот. Луѓе, најважно е здравјето, само се нервираме и сме под стрес, ајде да се луваме. Ова беше стресна сцена, со дел од окото видов како паѓа. Голема загуба за фудбалот, семејството, децата... Важни се животите, да ти е*ам фудбалот“, изјави Лалатовиќ.
Младен Жижовиќ пред десетина дена ја презеде клупата на Раднички, а таму работеше со Лука Станковски. Во минатото тој беше и тренер на Шкупи.

