• Горан Упале

Екипата на Ница прокоцка голема шанса за победа на дербито со Лион, откако Александар Лаказет во самата завршница погоди за домашниот тим и ги постави конечните 1-1.
Лион беше тимот кој што подобро го отвори натпреварот, но теренската иницијатива не успеа да ја круниса со погодок. Домашниот тим имаше преку 60% посед на топката во првиот дел, имаше и неколку изгледни позиции за отворање на резултатот, но на полувреме се замина со предност на гостите.
Фудбалерот на Арсенал, кој летово беше пратен на позајмица во Ница, Николас Пепе по повторениот удар од единаесет метри во 38. минута донесе радост за Ница. 27-годишниот напаѓач го промаши првиот удар, поточно Лопез одлично интервенираше, но главниот судија виде прекршување на правилата и пеналот се повтори. Во вториот обид, Пепе беше сигурен реализатор и Ница на гостите на полувреме заминаа со водство од 0-1. Овој резултат долго беше активен и во вториот дел, но сè до 89. минута, кога Лаказет од пенал го пронајде патот до противничката мрежа и ги постави конечните 1-1.
- Извештај од натпреварот:
Стрелецот на израмнувачкиот гол не беше главната ѕвезда на вечерта во Лион, бидејќи за време на полувремето присутната публика го поздрави најдобриот светски фудбалер за оваа година, Карим Бензема, кој на терен излезе со „Златната топка“, освоена пред неколку седмици.