ВИДЕО: Лаказет со гол и асистенција се врати во Лига 1, Лион подобар од Ажаксио

Екипата на Лион ја оправда фаворитската улога во првиот натпревар од Лига 1 и на домашен терен беше подобар од Ажаксио (2-1). Момците на Питер Бош го искомпликуваа натпреварот по двојното водство, но не дозволија новиот прволигаш да се врати во игра. Враќањето на Лаказет беше полн погодок, а првите минути во новата средина ги запиша и бекот Таљафико. 

  • Извештај од натпреварот:

Иако скоро цел натпревар беа со играч помалку, „лавовите“, сепак, покажаа дека се поквалитетен ривал од противникот. На овој натпревар човек на натпреварот беше новото засилување Алекснадар Лаказет.

Крилниот напаѓач прво во 12. минута асистираше до Тете, а потоа во 21. минута од пенал зголеми на 2-0. Проблемите за Лион стартуваа во 27. минута кога голманот Лопез доби директен црвен картон и направи пенал, преку кој Ажаксио го постигна последниот гол на мечот, а беше дело на Мањани.

Некогашниот француски првак во следното коло патува кај Лориен, додека Ажаксио го чека домашен меч со Ленс. Шампионот и главен фаворит за титулата, ПСЖ, дебитира утревечер на гостувањето кај Клермон, а Олимпик Марсеј со Игор Тудор на клупата, в недела навечер го пречекува Ремс.

Состави

Peter Bosz

4-3-3

    Olivier Pantaloni

    4-3-2-1