ВИДЕО: Лаказет и Фофана со трилер-пресврт донесоа триумф за Лион кај Нант

Екипите на Нант и Лион се сретнаа во 28. коло од француската Лига 1 одиграа трилер-натпревар кој на крајот им припадна на гостинските со конечни 1-3 (1-0). 

Матис Аблин донесе предност за домаќините доста рано, уште во шеснаесеттата минута. „Лавовите“ делуваа помалку изненадено и не успеаја да се вратат во егал пред паузата. Нант водеше со 1-0 и замина на одмор во релаксирана атмосфера. 

Домаќините солидно го отворија и второто полувреме и во првите петнаесетина минтуи делуваа дека можат да го задржат водството. Лион само еднаш шутна во рамките од голот во периодот до 65. минута, но потоа заигра како во старите времиња и успеа да режира пресврт за само две минути. Александер Лаказет и Малик Фофана. 

Домашните фанови беа во неверување, Нант се обиде веднаш да возврати, но пропушти изгледна прилика во 80. минута. До крајот гостите успеаја комплетно да го „размонтираат“ ривалот и заслужено впишаа триумф со 1-3, а стрелец беше Гифт Орбан во 98. минута.

  • Извештај од натпреварот:

Овој триумф ги зацврстува „Лавовите“ на 10. позиција со 38 бода, додека Нант со 28 бода е на првото место над опасната зона. 

Состави

Antoine Kombouare

4-2-3-1

    Pierre Sage

    4-3-3