Лајвин Курзава е изненадувачкиот трансфер на португалската Боависта

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Лајвин Курзава, потпиша договор со екипата на Боависта, кој е со важност до 2030 година. 

32-годишниот Курзава играше за Монако и беше избран во најдобриот тим на лигата во 2014 година, а потоа со успех цели девет години беше дел од париските „светци. 

Францускиот фудбалер во дресот на ПСЖ одиигра 154 натпревари и постигна осумнаесет голови. Курзава извесно време беше без клуб, но успеа повторно да пронајде интересен ангажман и предизвик.