РБ Лајпциг рутински мина уште едно коло во германскиот Куп

Екипата на РБ Лајпциг рутински мина уште едно коло во германскиот Куп и од гостувањето кај Енерџи Котбус си замина со убедлив триумф од 1-4. „Биковите“ зададената задача ја завршија уште во првите 45 минути, во кои со головите на Бакајоко и Баумгартнер (2) се изборија за комотни 0-3.

Во вториот дел Бензузи зголеми на 0-4, а почесниот погодок на домаќините за конечни 1-4 го постави Ерик Енгелхард во 86. минута. 

Трето коло во германскиот Куп обезбеди и тимот на Борусија Менхенгладбах, која што на свој терен со 3-1 славеше над некогашниот Бундеслигаш Карслуе. Творци на победата на тимот од Менхенгладбах беа Мачино, Елведи и Табаковиќ.

Во третото коло ќе го гледаме и Бохум, кој со погодокот на Холтман славеше минимално на гостувањето кај Аугсбург.