ВИДЕО: РБ Лајпциг поразен во незгоден момент, Волфсбруг впиша важна победа во трката за Европа

Фудбалерите на РБ Лајпциг во незгоден момент забележаа нов неуспех во Бундеслигата, откако од гостувањето кај Бохум се враќаат со минимален пораз од 1-0. По поразот од Борусија Дортмунд, „биковите“ во претходното коло го совладаа составот на Борусија Менхенгладбах, но денес одново ги разочараа фановите и овој пораз значително ги оддалечи од трката за титулата во германскиот шампионат. 

  • Бохум - РБ Лајпциг 1-0:

Бохум, пак, кој грчевито се бори за опстанок во елитата, по серијата порази конечно запиша три бода на своето конто и со голот на Машовиќ во вториот дел го забележа само осмиот триумф сезонава. Денешните три бода на домаќините им донесоа скок од едно место на табелата и сега се на 14. позиција со четири бода повеќе од Херта, која што е најгоре во опасната зона. РБ Лајпциг, пак, остана на 45 бода и по комплетирањето на ова коло многу лесно може да падне на петтото место на табелата.

Важна победа во трката за излез во Европа забележа тимот на Волфсбруг. „Зелените“, исто како и Бохум, со минимални 0-1 го совладаа Штутгарт и се искачија на седмото место со 38 бода. Голот вреден победа за Волфсбург го постигна Мармуш во 56. минута.

  • Штутгарт - Волфсбург 0-1:

Најубедлив од попладневната програма во Бундеслигата беше Хофенхајм, кој на свој терен со 3-1 ја совлада Херта, додека Шалке со погодок во 93. минута се избори за реми кај Аугсбург (1-1). 

  • Хофенхајм - Херта 3-1:

Попладнево се игра дуелот на „Сигнал Идуна парк“ меѓу Борусија Дортмунд и Келн.

Состави

Thomas Letsch

4-3-3

    Марко Розе

    4-4-2