ВИДЕО: РБ Лајпциг ја продолжи победничката серија, Ајнтрахт го надигра Хофенхајм!

Фудбалерите на РБ Лајпциг продолжуваат со позитивните резултати во домашниот шампионат и вечерва го запишаа четвртиот триумф на последните шест натпревари во Бундеслигата. Германскиот претставник во Лигата на шампионите имаше старт под очекувањата, но во последниот период Розе успеа да ги консолидира своите редови и „биковите“ газат сè пред себе во првенството.

  • РБ Лајпциг - Фрајбург 3-1:

Во рамки од 14. коло, претпоследно пред паузата поради Светското првенство во Катар, Лајпциг одигра квалитетен натпревар против Фрајбург и заслужено со 3-1 впиша нови три бода на своето конто. Победникот на натпреварот на „Ред Бул Арена“ беше решен во вториот дел, откако Симакан, Нкунку и Форсберг ја стресоа гостинската мрежа, а почесниот погодок за Фрајбург го постигна Кубер за тогашни 2-1.

Големи три бода запиша и тимот на Ајнтрахт Франкфурт, кој пред својата публика со 4-2 славеше над Хофенхајм. Соу, Маури и Ебимбе до 30. минута донесо убедливи 3-0 за Ајнтрахт, а по головите на Баумгартнер и Кабак, Линдстром ги постави конечните 4-2 за домашниот тим.

  • Ајнтрахт Франкфурт - Хофенхајм 4-2:

Победа во вистински момент забележа и тимот на Шалке 04, совладувајќи го составот на Мајнц 05 (1-0), додека натпреварот меѓу Унион Берлин и Аугсбург заврши без победник (2-2).

Состави

Marco Rose

4-4-2

    Christian Streich

    3-4-3