Ладен туш за Јунајтед: Јанг Бојс во последната секунда запиша голема победа! (ВИДЕО)

Новата сезона во Лигата на шампионите за Манчестер Јунајтед започна со болен пораз во последните секунди од мечот кај Јанг Бојс (2-1) на преполниот стадион во Берн

  • Јанг Бојс - Манчестер Јунајтед 2-1:

Големиот фаворит одново не успеа да ја сочува својата мрежа. Најголема причина за овој кикс е црвениот картон на Арон Ван-Бисака, кој беше исклучен во првиот дел, што донесе предност за домашните фудбалери.

Во раната фаза Кристијано Роналдо го отвори резултатот. Прекрасна асистенција запиша Бруно Фернандеш и му овозможи на сонародникот одново да се радува во елитното натпреварување.

Следуваше исклучувањето на Ван-Бисака, по што ситуацијата на теренот целосно се промени. Швајцарскиот првак започна да доминира, а круна на доброто издание во вториот дел донесе Николас Моуми Нгамалеу кој погоди за 1-1. Се чекаше крајот, но Џордан Сиебачеу искористи една грешка на нововлезениот Џеси Лингард за да го комплетира пресвртот.

Севиља исто така киксна на стартот и тоа на домашен терен против Салцбург (1-1). Гостинскиот тим може да жали, со оглед на тоа што промаши два пенали во првиот дел. 

  • Севиља - Салцбург 1-1: 

Натпреварот донесе дури четири удари од белата точка во првото полувреме. Тоа е апсолутен рекорд во натпреварувањето. Лука Сушиќ и Иван Ракитиќ беа стрелци на головите и главни виновници за поделбата на бодовите.

Состави

David Wagner

4-4-2

    Ole Gunnar Solskjaer

    4-4-2