ВИДЕО: Ладен поздрав меѓу Роналдо и Бруно Фернандеш по контрoверзното интервју на капитенот

Роналдо Бруно

Португалската репрезентација се собра и ги започна официјалните подготовки за настапот на Светското првенство во Катар.

Еден детаљ од соблекувалната на Португалија го привлече вниманието на јавноста. Капитенот Кристијано Роналдо доби „ладен третман“ од Бруно Фернандеш, неговиот соиграч од Манчестер Јунајтед.

Овој момент доаѓа по контроверзното интервју на Роналдо, кој седна со Пирс Морган и кажа сè што му лежи на душа, во врска со лошиот однос кој го има со тренерот Ерик тен Хаг и челниците на премиерлигашот.