ВИДЕО: Лацио во осминафинале на Лига Европа, историски триумф за летонскиот РФС

Екипата на Лацио обезбеди пласман во плеј-офот на Лига Европа, откако славеше со сигурни 3-1 (3-0) над Реал Сосиедад во натпреварот кој се играше во рамките на седмото коло. 

  • Лацио - Реал Сосиедад 3-0:

Римјаните ги постигнаа сите три гола во првите 45 минути, а творци на триумфот беа Марио Гила, Матиа Закањи и Тати Кастељанос. Гостите беа во огромни проблеми по вториот жолт картон на Аиен Муњоз и немаа никакви шанси за враќање во натпреварот и покрај почесниот погодок на Андер Баренетчеа во 82. минута. 

„Лацијалите“ со оваа победа стигнаа до вкупно 19 бода и се сигурни патници во плеј-офот, а Реал Сосиедад останува на десет бода, доволни за осумнаесеттата позиција на табелата. 

Грчкиот ПАОК извојува важна победа со конечни 2-0 над Славија Прага, со истиот резултат славеше и Ајнтрахт Франкфурт над Ференцварош, додека Ајакс доживеа непријатен пораз со минимални 1-0 на гостувањето кај летонскиот првак РФС Рига, за кој ова беше прв историски триумф во групната фаза од европските натпреварувања. 

Состави

Marco Baroni

4-2-3-1

    Imanol Alguacil

    4-3-3