Лацио уште не е сигурен, Рома може да го исфрли од ЛШ следната сезона!

Лацио ја одигра најдобрата сезона во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги освоија 78 бода, шест повеќе отколку во шампионската сезона 1999/00. Римјаните остварија 24 победи, три повеќе од пред 20 години.

Тоа беше доволно само за четвртото место, кое ја носи Лигата на шампионите, но само под два услови. Лацио сè уште не може да го слави враќањето во европската елита, бидејќи тоа зависи од настапот на два италијански клуба во август.

Доколку Рома ја освои Лигата на Европа и Наполи триумфира во Лигата на шампионите, „небесно-сините“ нема да играат во Лигата на шампионите, бидејќи Италија има четири загарантирани места во најсилното натпреварување. Ниту Рома, ниту Наполи не се меѓу фаворитите за трофејот, но во фудбалот никогаш не знаете. Ако се случи овие две екипи да ги освојат евро-куповите, Лацио ќе остане без место во Лигата на шампионите.