ВИДЕО: Лацио убедлив против Парма, Аталанта киксира против „фенерџијата“ Киево

По неочекуваниот пораз на Јувентус од Џенова, благодарение на нашиот Горан Пандев, во попладневниот термин се одиграа нови три натпревари во рамките на 28. коло во Серија АЛацио на „Олимпико“ запиша очекувана победа над Парма со 4-1 (4-0)

  • Извештај од натпревар:

Лацијалите прашањето на победникот го решија уште во првиот дел, откако по двата гола на Луис Алберто и по еден на Адам Марушиќ и Сенад Лулиќ поведоа со високи 4-0. Во продолжение домаќините рутински ја чуваа предноста, а конечните 4-1 ги постави Матиа Спрокати во 77. минута.

  • Извешатaj од натпревар:

Аталанта, иако беше голем фаворит против фенерџијата Киево на крајот успеа само да освои бод, играјќи 1-1. Гостите имаа водство од 32. минута и голот на Рикардо Меџорини, а конечните 1-1 ги постави Јосип Иличиќ во 55. минута.

Емполи на домашен го совлада директниот конкурент за опстанок Фросиноне со 2-1 и повторно побегна од опасната зона. Домаќините по головите на Франческо Капуто и Марко Пајац на полувреме имаа комотни 2-0. Во вториот дел гостите преку Лука Валзанија намалија на 2-1, но до крајот немаа сили за избегнување на поразот.

Од 18:00 часот се игра натпреварот Наполи-Удинезе, а во вечерниот термин е големото дерби меѓу Милан и Интер.