ВИДЕО: Лацио со „покер“ против Кротоне им се врати на победите

Екипата на Лацио по две кола им се врати на победите во Серија А и на домашен терен со 4-0 (0-0) славеше над екипата на Кротоне.

Римјаните на „Олимпико“ одиграа одлично второ полувреме и заслужено му се радуваат на триумфот. По првите 45 минути без голови, резултатот го отвори Лукаку во 56. минута, додека на 2-0 зголеми Чиро Имобиле, кој се врати во тимот со гол, во 78. минута.

Во финишот паднаа два брзи гола, а беа дело на Сенад Лулиќ, кој стрела во 86. минута, како и Фелипе Андерсон кој погоди три минути подоцна. Лацио се наоѓа на петтото место во Серија А со 36 бода, два помалку од четвртопласираната Рома.