• Саше Љолес

Екипата на Лацио дојде до нов триумф во Серија А, откако славеше со сигурни 0-2 на гостувањето кај Торино во заостанатиот натпревар од 21. коло. Избраниците на Маурицио Сари имаа многу повеќе од играта и заслужено ја впишаа дванаесеттата сезонска победа.
Првото полувреме мина во знакот на повнимателна игра од двете страни, иако домашниот тим имаше солидна прилика за отворање на резултатот. Лацио покажа мали знаци на слабост во дефанзивата, но на паузата останаа почетините 0-0.
Вторите 45 минути донесоа комплетно поинаква слика на теренот. Гостите од Рим заиграа многу подобро и создадоа неколку одлични прилики за гол, а резултатот конечно се промени во 51. минута, кога Гендузи биеше прецизно за 0-1. Водството на лацијалите го удвои Данило Каталди во 57. минута, а овој гол на крајот се покажа и како последен на мечот. Лацио остана и со играч помалку откако беше исклучен Шпанецот Гила, кој доби втор жолт картон во 79. минута од натпреварот. Торино не успеа да постигне ниту почесен погодок, а натпреварот на крајот заврши со конечни 0-2.
- Извештај од натпреварот:
Лацио сега има 40 бодови и се наоѓа на седмата позиција во Серија А, додека Торино е три места подолу и останува на 36 бода.