ВИДЕО: Лацио со еден гол на Педро се врати на победите во Серија А

Екипата на Лацио одигра квалитетен натпревар во 14. коло од италијанската Серија А и славеше со минимални 1-0 над Каљари. Само еден погодок беше доволен за домашниот тим за да стигне до нови три бода кои го искачуваат на деветтата позиција на табелата. 

  • Извештај од натпреварот:

Лацијалите одлично го започнаа натпреварот и брзо поведоа со 1-0. Стрелец на голот беше Педро уште во осмата минута, а минималното водство остана и по истекот на првите 45 минути. Гостите беа со играч помалку од 27. минута, кога исклучување заработи Макумбу. 

Домашната публика веројатно во второто полувреме очекуваше Лацио да го дотолчи противникот, но играчите на Маурицио Сари малку го подзапреа темпото, иако имаа уште 2-3 изгледни прилики за гол. Гендузи и Педро имаа уште по една одлична шанса, но до самиот крај остана истиот резултат од првото полувреме.

Лацио стави крај на низата од три натпревари без победа и сега е деветтопласиран со 20 бодови, додека на Каљари му претстои сериозна битка за опстанокот и во моментов е 18. позиција со само 10 освоени бодови. 

Состави

Marco Baroni

4-3-3

    Давиде Никола

    3-4-1-2