ВИДЕО: Гендузи ја сруши Џенова, можно римско дерби во четвртфиналето на Копа Италија

Римски Лацио обезбеди пласман во четвртфиналето од Копа Италија, откако славеше со минимални 1-0 (1-0) на „Олимпико“ против тимот на Џенова на Алберто Џилардино. Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Гендузи, кој стрелаше прецизно уште во петтата минута од натпреварот. 

Лацијалите во продолжение имаа повеќе од играта, но повторно не успеаја да ја крунисаат поубедливо својата иницијатива. Џенова се закани двапати во рамките на домашниот гол и беше јасно дека гостите немаат сили за изненадувчки резултат на полупразниот „Олимпико“

Ова е втор минимален триумф во низа за тимот на Маурицио Сари, откако со идентични 1-0 славеше и на првенствениот меч против Каљари. 

  • Извештај од натпреварот: 

Во следната рунда на Копа Италија можно е градско дерби, бидејќи противникот на Лацио ќе биде победникот од натпреварот Рома - Кремонезе, кој е закажан за трети јануари 2024 година. 

Состави

Маурицио Сари

4-4-2

    Алберто Џилардино

    5-4-1